Бафетемби Гомис сè уште е голем мајстор на фудбалската игра и покрај сите здравствени проблеми што ги имаше во кариерата, особено со срцето, а денеска потврди дека е класа со прекрасен гол со ножички.
Ветеранот има 35 години, игра за Ал-Хилал во Саудиска Арабија и му донесе предност на својот тим со прекрасен удар преку себе.
Al Hilal [1] – 0 Al-Taawoun — Bafétimbi Gomis 2’ — (Saudi Pro League – Round 14) – Bicycle Kick Goal from soccer
Гомис беше член и на францускиот гигант Лион, претходно играше и за најтрофејниот француски клуб Сент Етјен, а беше член и на Марсеј, Свонси и Галатасарај.
Во текот на кариерата му беше откриено дека има срцева мана, па честопати и страдаше и на терен, но сè уште успева да игра, и тоа на врвно ниво.