Има тениски возбудувања во Синсинати: Обложете се на Кирјос и Чориќ

Ник Кирјос – Лоренцо Сонего (01ч – АТП Мастер 1000 Синсинати, прво коло)

Кирјос по освоената титула во Вашинтон, играше во Канада, каде што испадна уште во првото коло во Монтреал, па ја продолжува турнејата низ САД во Синсинати. Австралиецот во првото коло ќе се сретне со 47-морангираниот Лоренцо Сонего, против кого досега не добил шанса за надигрување.

Кирјос на хартија е голем фаворит против Сонего, што значи дека се очекува да ја реши средбата во два сета и потоа да закаже дуел со Карен Хачанов во следното коло.

Предлог тип: 1 & <22гема (2.55)

 

Рајли Опелка – Борна Чориќ (02:30ч – АТП Мастер 1000 Синсинати, прво коло)

Иако Американецот според квотите има поголеми шанси за победа поради домашната публика, Чориќ е фрустриран од раното испаѓање во Монтреал, па сега сака да се поправи на турнирот во Синсинати. Хрватот првпат ќе ги одмери силите со Опелка, а од овој дуел ќе биде познат ривалот на Де Минаур во следното коло.

Тенисерот кој обезбеди настап на овој турнир со вајлд карта не ќе може да му се спротивстави на 12-торангираниот Чориќ, кој цели на повисок пласман од чеврт-финале во Синсинати, што е негов најголем успех на овој турнир.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

Кливленд индијанс – Бостон ред сокс (01:10ч – МЛБ лига)

Франшизата од Охајо доби три од серијата четири меча на гости против Минесота, па сега на домашен терен ќе се обиде да ја продолжи победничката низа против Бостон. Кливленд речиси сигурно ќе игра во разигрувањата, но до крајот на регуларниот дел нивна цел е да завршат со што подобар учинок, а сето тоа ќе биде штетно за Црвените чорапи.

Домаќините се и во многу подобра форма кога станува збор за меѓусебните дуели против Бостон, само еден пораз во последните пет меча, четирите победи главно беа убедливи и со двоцифрен број поени.

Предлог тип: 1 (2.03)

 

ЦСА – Форталеза (01ч – Прва лига, Бразил, 14-то коло)

Двете екипи кои од оваа сезона се дел од најелитната бразилска лига не можат да се пофалат со добри резултати по 13 меча. Домаќините од овој дуел се во зоната за испаѓање, а Форталеза се држи на 15-тото место со два бода повеќе од црвената зона. Во пресрет на овој меч, ЦСКА е во катастрофална форма со шест порази, три ремија и само еден триумф во последните девет првенствени средби, додека фудбалерите на Форталеза три меча не знаат за триумф.

Во вкупно седум меѓусебни средби, само во две од нив имало победник. Во двата наврати тоа бил тимот на ЦСА, но се чини дека ноќеска реми ќе биде најреален резултат, со помалку до три гола.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести