Има трилинг пехари во УЕФА купот, го уапсија за 106 стебла марихуана

Луиџи Сартор е упасен од италијанската полиција поради незаконско одгледување марихуана на плантажа во близина на Парма.

Сартор имал посадено 106 стебла марихуана, што е недозволено во Италија, па беше уапсен од полицијата. Поранешниот дефанцивец на Јувентус, Интер, Рома, Парма и уште неколку клубови на Чизмата имаше одлична фудбалска кариера.

Има три пехари со Јуве, Интер и Парма освоени со победи во финалињата во УЕФА купот, односно како што е познато сега како натпреварување Лига на Европа на УЕФА.

Со Виченца го освои и Купот на Италија, а со Парма има уште два трофеи од Копа Италија и еден од Суперкупот на оваа земја.

Сартор се прости од фудбалот во 2009 година, а последен од вкупно 11 клуба за кои настапуваше исклучиво во Италија му беше Тернана. Има и два настапи за италијанската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести