Пукна рекорд, а ќе има уште трансфери – Англичаните веќе потрошија милијарда и пол фунти за засилувања (Фото)

Преодниот рок во Велика Британија трае уште 11 дена, а веќе е урнат рекордот од 2017 година според потрошените пари.

Во овој преоден рок сите заедно, 20 екипи од најсилната англиска лига потрошија една милијарда и 465 милиони фунти, што е повеќе од рекордното лето во 2017 година кога беа потрошени 1.43 милијарди фунти.

Поединечно 7 од вкупно 20 клуба потрошија над 100 милиони фунти, а најголеми трошаџии се Челзи со 179.1 милиони фунти за летни засилувања.

 

 

- Оглас -

Најнови вести