Екипата на Штутгарт дефинитивно е губитник на колото. Некогашниот германски првак, а сега член во втората Бундеслига, загуби од последнопласираниот на табелата Вехен. Штутгарт како лидер во првенството, на свој терен го пречека тимот кој имаше освоено само четири бода од осум меча, но дуелот не почна како што посакуваа домаќините.
Вехен поведе по само три минути игра, а Штутгарт израмни во 11 минута. Сепак, веќе во 18 минута следеше нов шок за домаќините и водство на Вехен од 2:1. Од тој момент до крајот на средбата започна опасдата на Штутгарт на голот на гостите. Домаќините напаѓаа, шутираа од сите страни, но до крајот на мечот немаше промена на резултатот.
Статистиката по мечот покажа дека играчите на Штутгарт имале 84,5 отсто посед на топка што е рекорд во втората германска лига. Фаворитот упати и 30 удари кон голот на гостите, изведе осум корнери, а во последните 15 минути беа и со играч повеќе по исклучување на еден фудбалер на Вехен, но промена на резултатот немаше.
„Има и такви денови кога топката едноставно не сака да влезе во гол“, вели тренерот на Штутгарт, Тим Валтер.
84.5 – Bei der 1-2-Niederlage des #VfB gegen den @SVWW_official hatten die Gastgeber 84.5% Ballbesitz – ein neuer Zweitligarekord. Dominant. #VfBSVWW pic.twitter.com/Oc0iHTk0L9
— OptaFranz (@OptaFranz) October 4, 2019