Имаа 90% посед на топката и 21 шут, но резултатот остана 1-1

Во квалификациите за кадетското ЕП вчера се одигра доста интересен меч меѓу репрезентациите до 17 години на Холандија и Косово. Дуелот заврши со реми од 1-1, иако Лалињата доминираа во текот на целиот натпревар.

Меѓутоа, статистиката не им помогна да дојдат до посакуваниот резултат. Холандија имаше 90% посед на топката, упати дури 21 шут, од кои девет беа во рамките од голот, но само еден обид заврши во мрежата. Косовските кадети, пак, шутнаа само еднаш, а ударот на Хана во 69-тата минута беше фатален за фаворизираните Холанѓани.

- Оглас -

Најнови вести