Екипата на Аркадаг и трета година по ред е шампион на Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, и повторно тоа го направија со максимален број победи.
Клубот е формиран во 2023 година и веднаш беше вклучен во Првата лига на Туркменистан, а поради нив беше и продолжен преодниот рок за да ангажираат фудбалери.
Аркадаг е во сопственост на поранешниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, па јасно е зошто и добија такви привилегии. И оттогаш трае нивната доминација. Во трите сезони во кои играа имаат скор од 82 победи, без нерешени и порази, а победија и на сите 14 натпревари од Купот.
Оваа сезона настапуваат во втората по ранг азиска Лига на шампиони, но минатата сезона го освоија Челинџ купот на АФЦ, пандан на европската Конференциска лига, откако во финалето славеа над екипа од Камбоџа.
Сепак, поради погоре наведеното, Гинис не го признава нивниот рекорд од 96 победи по ред.

