28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Имаат две европски титули и само тие ѝ пркосат на елитата во Лигата на шампионите

Порто успеа барем малку да ја разбие монотонијата што две сезони по ред во Лигата на шампионите ја приредија тимовите од Топ-5 лигите во Европа.

Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција имаат дури 31 место од вкупно 32 во осминафиналето во Лигата на шампионите во последните две сезони, а само Порто успеа да ја разбие апсолутната доминација на елитната петорка.

Двојниот европски првак ја искористи шансата во групата Ц и заедно со Манчестер сити се пласира во нокаут-фазата и ќе ја чека ждрепката за осминафиналето во понеделник, на 14 декември.

Ланската сезона беше уникатна и за првпат ниту еден клуб надвор од Топ-5 лигите во Европа не успеа да ја мине фазата по групи и да игра во осминафиналето, што е прв таков случај во историјата на Лигата на шампионите во овој формат.

Сезонава до последното коло шанса да му се приклучат на Порто имаа и Ајакс, Шахтар, Салцбург и Бриж, но сите потклекнаа во последното коло и не успеаја да се пласираат понатаму во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести