Раководството на Арсенал одлучи да ги зголеми цените на билетите од идната сезона и тоа ќе биде прво поскапување од 2014 година.
Популарните Топчии се одлучија на ваков чекор поради кризата со пандемијата, а и без зголемувањето што ќе важи од идната сезона, имаат најскапи влезници во Англија.
Интересно е што сега се понудени три варијанти, зависно од тоа во кој европски куп ќе настапува клубот од Лондон.
Ако не успеат да играат во Европа, тогаш билетите ќе се движат од 40 до 1.050 фунти.
Настап во Лигата на шампионите ќе значи и најскапи влезници за симпатизерите на англискиот гигант.
Во таков случај, најевтините билети ќе чинат 49 фунти, а најскапите 1.268 фунти. Пламан во Лигата на Европа ќе значи дека фановите на Топчиите од идната сезона би плаќале по 44 фунти за најевтините билети и 1.139 фунти за најскапите влезници.