Имаат пари за трошење, катарските шеици купија 20 отсто од акциите на Брага за иста сума колку што платија за целосна сопственост на ПСЖ

Катарскиот инвестициски фонд откупи 22 отсто од акциите на португалскиот тим Брага за 80 милиони евра.

Според новите малцински сопственици на Брага, инвестирањето во овој тим ќе им донесе бенефит и на двете страни бидејќи португалскиот фудбал напредува од година во година.

Луѓето кои стојат за ПСЖ, кралското катарско семејство, платија 80 милиони евра за 22 отсто од акциите на Брага, а интересно е што за оваа сума во 2011 година го купија францускиот шампион ПСЖ.

Тие од ПСЖ направија еден од финансиски најмоќните клубови на светот и ги соборија сите рекорди кога станува збор за трансферите, но се уште го сонуваат трофејот во Лигата на шампионите. Најблиску до трофејот беа пред две години кога загубија во финалето од Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести