Шалке 04 е тимот кој е најслаб во Топ 5 лигите во Европа. Со само девет освоени бода во 23 кола, тимот од Гелзенкирхен е закован на дното на табелата во Бундеслигата и реално има минимални шанси да се спаси од испаѓање. Херта која е на посакуваното 15-то место кое носи спас од испаѓање, има 18 бода.
Некогашниот седумкратен шампион на Германија има само една победа не само сезонава, туку ако се додадат мечевите и од минатата сезона, ќе бидат вкупн 39 средби во Бундеслигата со само една победа на Шалке. Тимот за влакно се спаси од израмнување на негативниот историски рекорд по бројот на мечеви без триумф во првенството, но нивната очајна серија застана на 30 меча, па неславниот рекорд остана за екипата на Тасманија.
Шалке вечерва игра на свој терен и тоа против Мајнц, екипа која е на претпоследното место на табелата. Мајнц сезонава освои 17 бода, а во 11 гостувања собра само шест бодови. Ако се гледа традицијата на меѓусебни дуели, Шалке има дури шест победи во последните девет меча против Мајнц.
Кецот на Шалке е со коефициент 3.50 во Sport Life и едноставно вреди да се ризикува дека екипата од Гелзенкирхен вечерва ќе се радува на успех.