Имај пријатен лет до дома, порача Фриц по победата над ривалот со кого е скаран од порано (Видео)

Американецот Тејлор Фриц и Французинот Артур Риндернеш имаа „жешка“ конверзација по завршувањето на нивниот дуел на Вимблдон.

Победи Фриц, а додека се поздравуваа на мрежа по завршувањето на мечот, Американецот провокативно му рече на Французинот: „Имај пријатен лет до дома“.

На ова противникот му рекол: „Што рече?“, а Фриц повторил. Тогаш Риндернеш рекол: „Не одам дома, треба да играм во дубл“, по што Фриц продолжил дрско со „Ооо, ти честитам, супер за тебе“.

Следуваше нова серија прашања од Артур до Тејлор од типот „Знаеш ли што направи?“, на што Фриц потврди дека знае што направи и дека намерно зборува така.

Нетрпението помеѓу нив почна на еден меч на „Ролан Гарос“ во 2023 година, кога Фриц се жалеше на гласното навивање на публиката за Французинот, по што Риндернеш рече дека Фриц е плачко и дека не треба да очекува дека француските фанови ќе му праќаат бакнежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести