Имало и брутална семејна драма: Децата и жената на Меси плачеле кога слушнале за одлуката на Лео

По речиси 20 години живеење во Барселона, Лионел Меси сакаше да си оди од градот и од клубот во кој ја помина целата кариера. На крајот, сепак тоа не се случи и тој останува да ја одработи последната година од договорот. Барселона не сакаше да го пушти најдобриот играч доколку некој клуб не плати 700 милиони евра.

Голем број на фанови на Барселона протестираа и бараа Меси да остане. Освен фановите на каталонскиот гигант, драма и шок имало и кај најблиските на Меси, неговото семејство.

„Кога на жената и децата им соопштив дека ќе си одам од Барселона, тоа беше брутална драма. Сите во семејството почнаа да плачат. Моите деца никако не сакаат да си заминат од Барселона, дури не сакаат ни школото да го сменат. Но, јас сакам да гледам напред во иднината. Сакам да играм на највисоко ниво, да освојувам титули, да се натпреварувам во Лигата на шампиони. Секогаш може да се случи и да загубите, но најважно од се е да се натпреварувате, а не да се случува како што ни се случи против Рома, Ливерпул и последното во Лисабон кога се работи за ЛШ. Ние се распаднавме. Сите тие работи имаа влијание да ја донесам одлуката дека сакам да си заминам“, вели Меси.

Во интервјуто Меси додава дека бил сигурен дека ќе може да си замине без пари, а не дека од Барселона ќе бараат 700 милиони евра за негово заминување.

„Верував дека ќе добијам дозвола да си заминам. Претседателот претходно ми рече дека на крајот од сезоната самиот треба да решам дали ќе останам или ќе си заминам. Останувам само затоа што не добив дозвола да си заминам без пари и дека ако треба да си одам некој мора да плати 700 милиони евра. Тоа е неверојатно“, открива шесткратниот освојувач на Златната топка.

Меси жестоко го нападна претседателот на Барселона Бартомеу и изјави дека ова раководство на клубот е катастрофално. Сепак, поради фактот дека во Барселона му поминала целата кариера и дека тоа е неговиот клуб на кариерата, се решил да не оди на суд да ја докажува правдата.

Како и да е, Меси ќе го гледаме во дресот на Барселона и следната сезона!

- Оглас -

Најнови вести