Шведска, Египет и Чиле се трите селекции кои се ривали на македонската ракометна репрезентација на Светското ракометно првенство. Низ историјата, Македонија има играно со сите три противници, а најсвежи се последните два дуели против Чиле.
Овој ривал од Јужна Америка беше и последниот противник на Македонија во двете контролни средби одиграни во последниве недела дена. Во двата меча Македонија без многу проблеми победи на контролните средби во „Јане Сандански“, победи од 28:24 и 25:21. Претходно против Чиле имаме играно уште трипати, двапати на СП и еднаш во квалификации за ЛОИ, и тогаш Македонија победуваше. На Мундијалот во 2019 беше 32:30, а на тој во 2013 година победивме со 30:28. Во квалификациите за ЛОИ во 2016 година славевме со 30:27. Тоа значи дека пет победи од пет меча се гаранција дека нашите ракометари ќе го победат овој ривал и на Мундијалот во Египет.
Што се однесува со останатите два противника, билансот е негативен. Против Шведска имаме играно двапати, а билансот е едно реми и еден пораз (26:26 на ЕП 2012 и пораз од 27:23 во квалификациите за ЛОИ 2012). Со Египет сме се сретнале само еднаш и загубивме на СП 1999 година со 30:24.