Имаме ли сили да изненадиме против Белорусија?

Македонската ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) игра против Белорусија во последниот меч од Мундијалот во Египет. По досега одиграните пет меча на шампионатот, нашите ракометари само еднаш се радуваа и претрпеа дури четири убедливи порази со двоцифрена разлика.

Белорусија е тим кој има само два бода во главната рунда и е без победа, но затоа може да се пофали дека ремизираше против Русија (32:32) и со Шведска (26:26), па според досега прикажаното ќе ја има фаворитската улога против Македонија.

Селекторот на нашиот тим, Данило Брестовац вчера потенцираше дека дури денеска ќе го склопи тимот со кој ќе настапи против Белорусија. Добар дел од ракометарите се жалат на повреди, дел на замор, што само потврдува дека физички недоволно подготвени заминавме на турир со ваков жесток ритам.

„Имаме многу проблеми и не знам кој ќе игра. Утре ќе знам со каков состав располагаме. Прво да составиме тим, а потоа да размислуваме да изненадиме“, беше вчерашниот коментар на Брестовац за дуелот со Белорусија.

На лисата на повредени се Марио Танковски, Мартин Велковски и Цветан Кузманоски, но тој список може и да се зголеми.

Македонија и Белорусија досега само еднаш играле во историјата и тоа беше на Европското првенство во 2016 година, кога по голема борба Белорусија победи минимално со 30:29.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести