Имаме талентирана генерација која ветува, но Холанѓаните попладнево беа поснаодливи

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година по победата на гостувањето кај Шведска, денеска дома загуби од Холандија со 0-2, но со играта потврди дека има квалитет со кој ќе конкурира за пласман барем во баражот за Европското првенство за младинци.

Избраниците на Драги Канатларовски во неколку наврати опасно се закануваа, но во 68-мата минута фаворизираните Холанѓани дадоа гол кој шокирачки делуваше за Црвено-жолтите, а само четири минути подоцна беше досуден и пенал, по кој Холандија поведе со 2-0 и го одлучи победникот.

За македонскиот тим поминаа двата најтешки меча, трите бода од дуелот со Шведска се златни, сега следуваат дуели и со Грузија, Молдавија и Гибралтар.

- Оглас -

Најнови вести