Вардар и покрај проблемите со повредени играчи, го прегази Мотор Запорожје со 44:37 во најефикасниот меч сезонава во СЕХА-лигата.
Вистинска ревија на голови и атрактивни потези имаше на двете страни, а победата на Вардар е убедлива. По првото полувреме домаќините имаа предност од 20:19, но сè си дојде на место во следните 30 минути.
Тимур Дибиров со 11 гола од 14 обиди беше нзадржлив за одбраната на Мотор, а го следеа Чупиќ со 9 и Шишкарјев со 7 гола. Пет постигна младиот Словенец Пелко, додека Калараш четирипати се запиша во листата на стрелците.
Во дуелот на двете провопласирани екипи на табелата кај Мотор блескаше Вујовиќ со 12 гола, а одлично одигра и Кравченко со 8 гола без промашување.
Вардар е прв на табелата во групата А од Регионалната лига со 18 бодови од 7 меча, пред Мотор со 15.