Имаше ли фаул пред Милан да го даде голот за спас против Рома? (Видео)

Рома и Милан одиграа 1:1 во меч кој имаше неверојатна завршница. Беше 0:0 се до 93 минута, кога Рома во една брза акција стигна до гол преку Абрахам.

Кога се чинеше дека Римската волчица ќе слави, се случи нова драма. Милан успеа да израмни со погодок во 97 минута. Салемакерс донесе радост за гостите, а играчите на Рома реагираа дека претходно имало фаул, но тоа беше залудно.

Судиите од ВАР собата не реагираа, а главниот арбитар Даниеле Орсато без дилема покажа на центар што значи дека го призна голот.

- Оглас -

Најнови вести