Имаше само шест отсто шанси да одбрани, но на чудесен начин успеа и затоа е најдобра одбрана на ЕП 2024 (Видео)

Голманот на Турција, Мерт Ѓунок, со одбраната во 90+4 минута против Австрија стана спортски херој на својата земја. Турција водеше со 2:1 кога Австрија го имаше последниот напад.

Баумгартнер со глава шутураше од непосредна близина, а компјутерските пресметки проценија дека голманот имал само шест отсто шанси да го одбрани тој удар. Сепак, Ѓунок покажа дека и тие шест отсто му се доволни затоа што на фантастичен начин со магичен рефлекс го спаси својот гол и на крајот ѝ донесе победа на Турција и пласман во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести