Точно цел еден тим од 11 германски репрезентативци се во понудата на Sport Life со вториот блок на Специјален сингл за денешната мундијалска програма од четири натпревари.
Германија од 20 часот ќе мора да оди на сè или ништо против Костарика и за сигурен пласман ќе ѝ треба висока победа од најмалку 7 гола разлика за да не стравува за пласман во осминафиналето.
Тоа може да биде шанса за добри добивки во Sport Life, обложувалница што во понудата има дури 11 можни стрелци од таборот на фаворитот.
Можете да си бирате варијанта Прв Стрелец или Стрелец во тек на мечот, а фаворити се Филкруг и Хаверц со иста квота 5.00 први да дадат гол.
Интересно е што сите четири понудени играчи на Костарика, Кембпел, Контрерас, Венегас и Брајан Руис се со коефициент 20 некој од нив да го постигне првиот гол на натпреварот против Германија.
Има и одличен блок на игри што се стандарни за Мундијалот со можност да се обложувате на почетен удар, интервал на првиот гол, на број на удари кон голот, на корнери, жолти и црвени картони, дали ќе има пенал, на кој начин ќе падне првиот гол, број на офсајди, која селекција прва ќе направи замена и уште многу други варијанти.
И Специјалниот сингл за мечот меѓу Шпанија и Јапонија од истата Е група е многу интересен, а и тој натпревар одлучува која селекција или можеби и двете заедно ќе патуваат во нокаут-фазата.
Кај стрелците топ-фаворит за прв да ја затресе мрежата на мечот е Алваро Мората, а квотата за него е 4.80, пред Ансу Фати со 5.10.
И тука има 11-мина шпански играчи на кои можете да се обложувате дека ќе дадат гол во кој било момент од мечот или дека некој од нив ќе биде прв стрелец на натпреварот.
Четворица јапонски репрезентаивци се во понудата на Sport Life во играта што привлекува многу внимание и една од омилените во специјалната понуда.
И тука може да се игра од широката лепеза на игри во Специјалниот сингл со познатите игри интервал на првиот гол, прв и последен корнер, жолти картони, број на удари во голот, ќе има ли пенал и црвен картон, вкупно фаули и офсајди и уште многу интересни комбинации.