17.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Имате уште еден ден за да учествувате во првото коло на Спортската прогноза

Тајмингот за учество во првото коло на осмата сезона од Спортската прогноза, бесплатната игра на Sport Life, полека истекува. Имате рок до сабота во 15:00 часот да ги внесете вашите типови. Не вложувате ништо, а добивките можат да бидат големи.

Главната награда е навистина примамлива: оној што ќе ги погоди сите 13 натпревари од понудата, ќе добие нов iPhone 16. Учеството е бесплатно, доволно е само да имате СЛ Клуб картичка.

Во листата има 13 меча, од кои два вистински спектакли.

Во Англија, Манчестер сити го пречекува Манчестер јунајтед, а 75 отсто од прогнозерите веруваат дека ќе слави тимот на Пеп Гвардиола.

На Апенините се игра „Дербито на Италија“, пресметката меѓу Јувентус и Интер, а повеќе од половина од прогнозерите веруваат дека најреално е да заврши со нерешен резултат.

Награди има и за оние што ќе погодат 11 или 12 пара:


12 погодоци = ваучер од 1.000 денари во Sport Life

11 погодоци = ваучер од 500 денари

Не заборавајте – важни се и двата резервни пара бидејќи тие влегуваат во сметката за генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести