13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Имате време до 15:30 часот да одиграте Спортска прогноза

Уште неколку часа остануваат до стартот на 17. коло од третата сезона на Спортска прогноза. Стандардно 13 меча се на понудата, а ваше е да одиграте фиксови кои може да ви донесат вредни подароци.

За Среќна 13-ка односно погодени сите 13 мечеви, подарокот е мобилен телефон Ајфон 11. Подароци има и за оние кои ќе имаат со 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари.

Важно е да се одигра секое коло, затоа што така имате поголеми шанси за напредување во Генералниот пласман, каде за најдобрите во целата сезона, повторно ќе има подароци.

Во ова коло на понудата има дуели од германското, англиското, италијанското и шпанското првенство, плус најголемото дерби во Јужна Америка меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт. Не чекајте многу и одиграјте Спортска прогноза, никогаш не се знае кога среќата може да ви се насмевне.

- Оглас -

Најнови вести