Речиси еден месец помина од стартот на играта „Втора шанса за 1.000.000“ на Sport Life обложувалниците, а борбата станува сѐ поинтересна. По изминатиот викенд има две промени во Топ 5. Водечката позиција засега останува за Риста М. кој е лидер со коефициент 19.557, благодарение на неверојатниот тикет кој не е добитен само за еден меч, но сега може да му донесе МИЛИОН денари.
Второто место е за Кристо, кој досега има собрано 8.259,97. Тој имаше два одлични тикети кои малку фалеа да бидат добитни, па коефициентите од погодените мечеви се собираат и засега тоа му е доволно за да биде втор на листата. Тикетите на Кристо може да ги погледнете ТУКА.
Промена има на третото место, каде [to сега е Александар. Тој досега има вкупен коефициент од 7.730,21 и се најде пред Рамадан, кој досега стигна до коефициент од 6.573,71. Листата на Топ 5 ја затвора Славко со досега погоден коефициент од 6.548,84.
СЕ СОБИРААТ КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА ТИКЕТИТЕ КОИ ИМААТ ПО ЕДНА УТКА
Во игра се сите несистемски тикети со најмалку три натпревари и со еден промашен пар, а услов е да се уплатени со SL картичка. Во трка за милионот влегуваат сите тикети само со еден промашен тип, а се пресметува коефициентот на погодените натпревари кои се собираат од секој тикет поединечно.
Предвид се земаат првите десет уплатени тикети во текот на еден ден, од коишто на СЛ картичката на обложувачите се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент без утнатиот пар.
Рангирањето е според збирот на погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, која ги опфаќа сите несистемски тикети (со една комбинација), тикетите уплатени во живо и микс тикетите најмалку со три натпревари и еден промашен пар.
Шампионот во ВТОРА ШАНСА ЗА 1 000 000 ќе добие ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ, а награди ќе има и за квартетот зад него, и тоа по следниот редослед:
второ место – 1.000.000 поени СЛ Маркет
трето место – 500.000 поени СЛ Маркет
четврто место – 300.000 поени СЛ Маркет
петто место – 100.000 поени СЛ Маркет