Името му е Роберт ЛеванГОЛски: Бомбардерот на Баерн го израмни рекордот на Герд Милер (видео)

Роберт Левандовски го израмни 49-годишниот рекорд на легендарниот Герд Милер со 40 погодоци во една сезона во Бундеслигата. Некогашната икона на Баварците во сезоната 1971/72 постигна точно 40 гола, а од денес и Полјакот има идентичен учинок, па веќе со наредниот гол Левандосвки ќе биде апсолутен рекордер.

Со пеналот во 26-тата минута Левандовски донесе водство за Баерн на гостувањето кај Фрајбург, но домаќините брзо се вратија во игра преку Гулде, па резулатот е 1-1 пред паузата.

https://streamable.com/pwj48o

Полскиот бомбардер својот рекорден гол му го посвети токму на човекот со кого застана рамо до рамо според учинок.

- Оглас -

Најнови вести