Името на центарот на Њујорк е невообичаено, но полуди се имињата на неговите браќа и сестри

Њујорк никс ја заврши сезоната во НБА-лигата откако беше елиминиран од Индијана пејсерс (4-3 во победи) во полуфиналето од плејофот во Источната конференција, а еден од играчите кој им стана миленик на навивачите е 203 сантиметри високиот центар од Нигерија Прешс Ачива (Precious Achiuwa).

На многумина прва асоцијација на името на кошаркарот може да биде мегапопуларниот филм „Господар на прстените“ и Смигол, чија изрека My precious е една од најпопуларните во филмската индустрија.

 

Во превод Прешс или Precious значи скапоцено, а имињата на неговите петмина браќа и сестри се уште поурнебесни, но во исто време покажуваат дека нивните родители, Донатус и Јунис се големи верници.

Најстариот брат се вика God’sgift и ако се преведе на македонски, 34-годишниот Нигериец е „Дар од Бога“.

Најстарата сестра се вика Grace, што е често име, но нејзиниот превод е Милост.
На следниот син, Донатус и Јунис му го дале името God’swill, односно Божја волја и тој исто така е кошаркар. Потоа е и синот Peace, односно Мир.

Втората сестра на кошаркарот на Њујорк никс се вика Promice, односно Ветување.
Родителите Донатус и Јунис се припадници на пентакосталната црква, а во САД емигрираа во 2010 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести