Големиот трансфер во Париз е завршен. Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле официјално се пресели во ФК Париз, со што стави крај на неговата кратка авантура во Болоња.
Имобиле (35) реши да ја смени средината само шест месеци по доаѓањето во Болоња, барајќи нов предизвик и повеќе минути на теренот во продолжението од кариерата.
Искусниот голгетер пристигна во Болоња летото како слободен играч по прекинот на договорот со турскиот Бешикташ, но таму не успеа да се наметне. Под водство на тренерот Винченцо Италијано, оваа сезона имаше девет настапи во сите натпреварувања, но без постигнат гол, што ја забрза одлуката за раскинување на соработката.
✍️😁
— Paris FC (@ParisFC) February 1, 2026
🔵⚪️ #CertifiéParis #ParisFC pic.twitter.com/9bR5QOicYu
Според официјалните информации од клубот, договорот помеѓу Имобиле и ФК Париз е целосно финализиран.
Болоња од овој трансфер нема да оствари значителна финансиска добивка, бидејќи Имобиле дојде без отштета, а договорот му истекуваше на крајот од сезоната. Дополнително, во февруари италијанскиот напаѓач ќе наполни 36 години, што не остава простор за долгорочни планови.
Париз му понуди договор на 18 месеци, со што ќе остане во клубот до летото 2027 година, со јасна улога како лидер во нападот.
Францускиот клуб во моментов е 14-ти на табелата во Лига 1, во првата сезона по враќањето во елитното натпреварување. Раководството верува дека искуството и репутацијата што Имобиле ги носи со себе можат да бидат клучни за стабилноста и опстанокот во лигата.

