Екипите на Лацио и ПСЖ со предност ќе ги чекаат реванш-натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите откако вечерва ги совладаа Баерн Минхен и Реал Сосиедад.
Фудбалерите на ПСЖ со 2-0 беа подобри од членот на Ла Лига. Откако во првото полувреме немаше голови, Светците дојдоа во водство преку Килијан Мбапе во 58-мата минута. Репрезентативецот на Франција најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и од непосредна близина ја закова топката во мрежата на Реал Сосиедад.
Конечните 2-0 ги постави Баркола во 70-тата минута откако одличниот продор по левата страна го круниса со погодок во противниката мрежа, иако сите очекуваа дека од таа позиција ќе проигрува во срцето на шеснаесетникот.
Вистински шок доживеа Баерн Минхен откако загуби со 1-0 од Лацио во Рим. Единствениот погодок на мечот беше дело на Чиро Имобиле во 69-тата минута од пенал, откако неговиот фантастичен продор заврши со проигрување до Исаксен, кој беше фаулиран од Упамекано, кој за стартот заработи и директен црвен картон.