Дуелот Лацио – Севилја (18:55 часот) се наметна како еден од поинтересните мечеви во првата рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа. Во пресрет на вечерашната пресметка на “Олимпико“ против петкратниот освојувач на ова натпреварување, Симоне Инзаги не може да смета на двајца клучни играчи во својот состав.
Од составот ќе бидат отсутни напаѓачот Чиро Имобиле и играчот за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Голгетерот не успеа навреме да закрепне од повреда на бутниот мускул, додека српскиот фудбалер има болки во препоните. Тие двајца се приклучија на листата на веќе повредените Волас и Џордан Лукаку.