Императорот ја загуби и последната шанса за турската круна, навивачите бараат да си оди

Галатасарај ја прокоцка веројатно и последната шанса за титулата во Турција, по сензационалниот пораз вечерва од Ризеспор со 3:4, а навивачите на гигантот и 23-кратен првак си најдоа виновник.

Иконата на клубот Фатих Терим е на удар на критиките, а голем дел од бројната армија на навивачи на Галата бараат тој да си замине..

Терим беше бесен по примениот гол за 3:4 и реагираше постојано кај судиите, а и по мечот едвај го смирија да не направи инцидент.

Императорот како што го нарекуваат терим во Турција ќе мора да направи чудо за да направи пресврт во последните 10 кола и да го претрка лидерот Бешикташ, екипа што има 63 бода, два повеќе од големиот градски ривал и два меча помалку.

Фенербахче е веднаш зад нив со 58 бода и еден меч повеќе од Бешикташ, но и еден помалку од Галатасарај.

На вечната листа со шампионски пехари прв е Фенербахче со 28 титули, зад нив е Галата со 23 и Бешикташ со 20.

 

- Оглас -

Најнови вести