Императорот во солзи кога на прошталниот меч го виде и го слушна неговиот покоен татко (Видео)

Бразилската фудбалска легенда Адријано синоќа на „Маракана“ во Рио Де Жанеиро го одигра својот проштален натпревар иако веќе осум години нема играно професионален меч.

„Многу луѓе ме замолија да се збогувам. Иако престанав да играм пред години, овој натпревар ми требаше за да го комплетирам мојот циклус. Тоа им го должев на сите што ме поддржуваа и сè уште ме поддржуваат“, рече Адријано, кој последниве години се бори со зависност од алкохол и живее во сиромашен кварт во родниот Рио.

Висок, силен, подвижен и со фантастичен шут, Адријано изгледаше незапирливо кога беше во врвна форма. Сепак, неговиот врв беше краткотраен.

Популарниот Император, кој во Европа играше за Интер, Парма, Фиорентина и Рома, последен пат се појави на терен и тоа на ревијалниот дуел помеѓу легендите на Фламенго и италијанската Серија А. Тој одигра по едно полувреме за двата тима и даде по еден гол на двете страни.

По 30 минути игра, натпреварот беше прекинат, а на екранот на стадионот беше прикажан покојниот татко на Адријано, кој почина во 2004 година. Гласот на неговиот татко беше создаден со помош на вештачка интелигенција, а пораката ги насолзи очите на фудбалската ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести