Иако игра под очекувањата, сепак Лео Меси му донесе вистинско богатство на ПСЖ.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата заработува околу 40 милиони евра годишно од клубот и иако тоа се навистина големи примања, францускиот тим веќе е плус од неговиот ангажман.
Дури осум нови спонзори влегле во ПСЖ по ангажманот на Аргентинецот, додека големите гиганти како Најк и Кока Кола ги продолжиле договорите за многу поголеми суми и само од нив ПСЖ ќе инкасира околу 300 милиони евра.
ПСЖ продал над милион дресови во минатата година и тие бројки се зголемени за дури 40 одсто благодарение на Лео Меси.
За 2020 година овој тим имал заработка од 235 милиони евра, што е далеку под нивниот буџет, но со даѓањето на Аргентинецот во 2021 саработката изнесува над 400 милиони евра.