Ин мемориам: Почина фудбалската легенда на прилепска Победа, Николче Здравески

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на прилепска Победа, Николче Здравески, почина на 54 години. Голем број негови роднини и пријатели, но и спортски работници од синоќа се простуваат од голгетерот на Црвено-белите чиј темперамент, спортски дух и борбеност засекогаш ќе се паметат.

Здравески беше дел од легендарниот состав на Победа, клуб со којшто освојуваше трофеи. Со него во тимот Парма во 1999 година одигра двомеч против Перуџа, а една година подоцна и против тимот на Парма, која дојде со еден од најдобрите клупски состави кои некогаш се појавиле на македонските терени.

Со Победа го освои Купот на Македонија во 2002 година, а во 2004 година беше прогласен за најдобар играч и за најдобар спортист на Прилеп. Таа сезона Победа стигна до историската прва шампионска титула во Првата фудбалска лига.

Во сезоната 2006/2007 ја предводеше Победа до втората шампионска титула во првенството и до трето финале во Купот, овојпат како тренер. Заслужено беше прогласен за најдобар тренер во Македонија за таа година.

Здравески ќе биде запамтен како човек кој постојано беше поврзан со фудбалот. Имаше и два настапи за фудбалската репрезентација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести