35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ињаки Вилијамс ја отпиша Севилја од трката за титулата во Шпанија (Видео)

Ињаки Вилијамс ја отпиша Севилја од трката за шампионската круна во Ла Лига откако погоди во 90-тата минута за победа на Атлетик Билбао од 1:0 на „Рамон Санчес Писхуан“.

Гостите умешно се бранеа против фаворизираниот домаќин и во контранапад во последните мигови од мечот и победија.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1389321845082628096?s=20

Севилја сега има само теоретски шанси за втората шампионска круна во клупската историја, а чека цели 75 години.

Единствениот пехар во најсилната шпанска лига го освоија во сезоната 1945/46, а сега имаат шест бода помалку од Атлетико Мадрид и по 4 од Реал и Барселона на четири кола до крајот на Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести