Ињаки Вилијамс потпиша деветгодишен договор со Атлетик – Рекорд останува десетката на Денилсон

Ињаки Вилијамс потиша нов деветгодишен договор со Атлетик Билбао и за малку не го израмни или не го урна рекордот што го држи Бетис со потписот на Денилсон на 10-годишна соработка во 1998 година.

Црномурестиот напаѓач на Атлетик дебитираше за клубот од Билбао во 2014 година и има одиграно 157 натпревари, а како што тргнало, ќе урива рекорди ако го одработи докрај договорот што го потпиша до 2028 година.

Летово Манчестер јунајтед сакаше да го ангажира 25-годишниот офанзивец, но до договор за трансфер на „Олд Трафорд“ не дојде.

Сега ќе биде многу потешко да се купи Вилијамс бидејќи отштетната клаузула со новиот договор со Атлетик му е астрономска и изнесува 135 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести