Индекс: Димитриевски брани сензационално во Ла Лига, трансфер во Барса изгледа идеално

Можниот трансфер на Столе Димитриевски во Барселона беше една од ударните вести вчера во сите светски спортски медиуми, а се уште се очекува разврска, но по новогодишните празници.

Димитриевски е многу блиску да биде првиот македонски фудбалер, или во неговиот случај голман што би бил член на шпанскиот гигант.

И медиумите во регионот ја пренесоа веста за можен трансфер на 28-годишниот голман од Рајо Валјекано во Барса, а „Индекс“ едноставно објасни зошто гигантот е заинтересиран.

„Димитриевски е голман на шпанската сензација во Ла Лига. Тој е најдобро оценет голман во Ла Лига со над 80 посто успешни одбрани, а Барса го памети по поразот од 1:0, кога му одбрани пенал на Депај. Брани стандардно за Македонија, репрезентација која бележи историски резултати и играше на ЕП и ќе игра бараж за пласман на СП. Столе брани одлично, Чави сака да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција, бидејќи Тер Штеген тешко се враќа во форма по повредата. И за крај Димитриевски не е скап, па неговиот трансфер изгледа како идеално решение за Барселона“, пишуваат новинарите на Индекс.

Позитивен епилог би значел врв на кариерата за Димитриевски, кој досега беше чувар на мрежата на Работнички, Гранада, Кадис, Гимнастик и сега во Рајо Валјекано.

 

- Оглас -

Најнови вести