Индепендиенте на прагот до историско финале на Копа Судамерикана

Индепендиенте дел Вале – Коринтијанс (02:30ч – Копа Судамерикана, полуфинале, реванш)

Индепендиенте не може да биде во поповолна позиција од оваа. Гостинска победа од 2-0, а ноќеска пред домашните навивачи ќе треба да се испише историја. Само 90 минути го делат еквадорскиот тим од прво финале во второто по квалитет јужноамериканско натпреварување, иако во пресрет на овој двомеч Коринтијанс ја имаше фаворитската улога.

Во полза на Еквадорците оди и нивниот учинок на домашен терен во меѓународното натпреварување, ги добија сите четири меча без примен гол, што значи дека гостите од Бразил се соочуваат речиси со невозможна мисија, ако се знае дека Коринтијас веќе четири меча на гости не може да оствари позитивен резултат.

Првиот полуфинален дуел воедно беше прв вооопшто меѓу овие две екипи, а што се однесува до формата, домаќините имаат четири победи и само еден пораз, додека Коринтијанс има лабава одбрана и прима барем по еден гол во секој втор меч.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.0)

 

Сантос Лагуна – Веракруз (02ч – Прва лига, Мексико, втор дел од сезоната, 11-то коло)

Сантос поради заостанати натпревари, ја загуби челната позиција на табелата, односно Некакса им се израмни по бројот на бодови (20) со два меча повеќе, а за ноќеска целта е да се врати на местото каде што се наоѓаа речиси цела сезона. Нивната форма од две победи и исто толку ремија во последните четири кола навестува дека Сантос Лагуна ќе дојде до нови три бода, особено што се непоразени на 10 последователни меча на домашен терен.

Веракруз по 9 средби, уште нема забележано триумф, а не се гледа начин како може тоа да се смени ноќеска. Иако знаат да изненадат кога гостуваат кај Сантос, последен пат во Тореон победија пред повеќе од две години. Лагуна е во добра форма и редовно ја тресе мрежата барем по двапати во изминатите четири меча, а ноќеска ќе ја продолжат таа низа.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.25)

 

Фламенго – Интернасионал (02:30ч – Бразил Серија А, 21-во коло)

Дербито на колото треба да го оправда тој епитет, па и двете екипи да приредат суперинтересен меч. Фламенго е во одлична форма со седум последователни победи во шампионатот, додека Интернасионал е малку послаб со четири победи и еден пораз.

Овие две екипи сезонава се сретнаа и во четврт-финалето на Копа Судамерикана, а Фламенго го доби двомечот со вкупен резултат од 3-1. Пред тоа Интернасионал двапати во низа славеше во Серија А, а на сите тие средби во просек се постигнувале по два гола.

Иако е тешко да се предивид победник, ќе се надеваме на победа на Фламенго за да го продолжат походот кон титулата во Бразил.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.93)

 

Њујорк сити – Атланта јунајтед (01ч – МЛС-лига)

На популарниот стадион „Јенки“, тимот на Њујорк го пречекува актуелниот шампион во битката на „владетелите“ во Источната конференција. На три меча до крајот на регуларниот дел, Њујорк со евентуален триумф ноќеска ќе го потврди првото место на табелата, бидејќи Атланта заостанува со четири бода и тешко дека ќе може да ја стопи разликата.

Домаќините се во одлична форма во пресрет на овој дуел – на 8 меча победија шестпати, по еден бод издвоија против Торонто и Далас, па јасно е зошто се фаворити на хартија против Атланта. И покрај тоа што гостите ги добија последните три меѓусебни средби, се чини дека ноќеска ќе претрпат трето разочарување во финишот од сезоната и ќе мора да се задоволат со втората позиција.

Предлог тип: 1X & 2-3 (2.88)

- Оглас -

Најнови вести