Индијана ќе провери колку Рептилите се потрошија во нереалниот камбек против Далас

Индијана пејсерс – Торонто репторс (01, НБА лига)

Шампионот вчера одигра меч за паметење, на домашен терен оствари ретко виден пресврт против Далас и победи со 110:107 иако во текот на мечот Рептилите беа во негатива од 30 поени во еден момент. За триумфот да биде уште поубав, Торонто го стори тоа без услугите на Сиакам и уште неколку клучни играчи. Блескаше капитенот Лаури со 32 поени и 10 асистенции, но факт е дека по таков меч нивните сили се сведени на минимум.

Колку всушност Торонто се потроши против Далас, ќе провери разиграната Индијана. Пејсерси беа во одлична серија пред гостувањето во Милвоки, каде наидоа на незадржливиот Адетокумбо, но затоа добро го чуваат домашниот терен. Индијана сезонава претрпе само три порази од вкупно 16 средби кои ги одигра пред своја публика, а моментално се во низа од четири домашни победи.

Предлог тип: <108,5 поени ПП (1.90)

 

Детроит пистонс – Филаделфија севентисиксерс (01ч, НБА лига)

Детроит ќе се обиде да излезе од кризата, но фактот што Филаделфија сезонава веќе славеше во „Литл Сизарс арена“ може да биде пречка за Пистонс, поточно да го претпри петтиот пораз во низа. Под знак прашалник е настапот на Грифин и Роуз, па тешко дека курпулентниот центар Драмонд ќе може сам да ги надигра Сиксерс, особено што за противник ќе му биде Ембид.

Филаделфија иако има негативен учинок на гости (6-8), тука може да се случи прелом и да покаже дека може да победува и надвор од својот дом.

Предлог тип: 2-2 (1.90)

 

Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс (02ч, НБА лига)

Одамна Сан Антонио не бил вака слаб, но овој период на транзиција мора да се надмине кога-тогаш. Спарси со учинокот од 11-17 засега не може да се сметаат за тим кој би играл во разигрувањата, но сезоната е долга, па нема да биде изненадување ако кошаркарите на Грег Попович го појачаат темпото кога ќе биде потребно.

Во последните пет меча претрпеа три порази, а вечерва гостуваат во Мемфис каде силите ќе ги одмерат со Гризлите. И Мемфис не може да се пофали со добра сезона, но барем ги добија последните три меча на домашен терен, па тоа може да биде како мотив да се совлада еден од поуспешните тимови од изминатава деценија.

Мемфис пред нешто повеќе од еден месец го совлада Сан Антонио среде Тексас, што значи дека целта на Спарс е да се реваншираат.

Предлог тип: <224,5 поени (1.98)

 

Феникс санс – Денвер нагетс (03ч, НБА лига)

Нагетси ноќеска го украдоа шоуто во Лос Анџелес. Паднаа Лејкерси без Леброн Џејмс, и така ја продолжија победничката низа на шест меча. Сега следува гостување во Аризона, во салата каде што Денвер славеше во пет од последните шест средби против Феникс.

На Сонцињата не им се пишува добро ако се знае дека кризата се продолжи на шест порази во низа, а за овој меч нема да сметаат на услугите на Рубио и Ејтон. Отсуството на клучните играчи може да биде проблем за Санс, а џекпот за Денвер.

Предлог тип: 2 & >217,5 поени (3.10)

 

Џејмс Харден (Сакраменто кингс – Хјустон рокитс – 04ч, НБА лига)

Брадата имаше соло-шоу против Феникс пред една ноќ во која реализира 47 поени. Ваков учинок е нешто што Харден често го остварува, па нема да биде изненадување доколку ја помине 40-ката и во средбата против Кралевите од Сакраменто.

Кингс ги загубија последните три меча, тоа е добар знак за Хјустон, кој ноќеска ќе сака да се реваншира за поразот на домашен терен кој го претрпе пред околу две недели.

Предлог тип: Џ. Харден >37,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести