Минатосезонскиот финалист, Индијана Пејсерс, конечно ја забележа првата победа во НБА лигата, откако на домашен терен славеа над Голден стејт со 114-109. Тројца кошаркари се истакнаа во победата на Пејсерси, која дојде со голем пресврт во последната четвртина. Несмит со 31 поен беше најефикасен, следуваат Сиакам со 27 и Џексон со 25 поени.
Изненадувачка победа забележа и Сакраменто, откако славеше на гостувањето кај Милвоки Бакс со 133-135. Јанис Адетокумбо уфрли 26 поени, но и тоа не беше доволно за победа, бидејќи Лавин со 31 и Дероузен со 29 поени беа предводниците на Сакраменто за овој голем триумф.
Резултати:
Милвоки – Сакраменто 133-135
Шарлот – Минесота 105-122
Индијана – Голден стејт 114-109
Вашингтон – Орландо 94-125
Бостон – Хјустон 101-128
Детроит – Далас 122-110

