Индијана пејсерс славеше со 116:107 против Оклахома Сити и поведе со 2-1 во финалната серија на НБА-плејофот.
Гостите од Оклахома подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од осум поени (32:24). Но, Пејсерс брзо се вратија во игра, а до самиот крај се водеше неизвесна битка.
Клучниот момент се случи четири минути пред крајот на натпреварот, кога Индијана поведе со 107:100 и успешно ја задржа предноста до самиот финиш за нов триумф и водство во серијата.
Бенедикт Матурин беше најдобар поединец за Индијана со 27 поени, а одлична партија прикажаа и Тајрис Халибартон со 22 поени, девет скока и 11 асистенции, како и Паскал Сијакам со 21 поен.
Кај Оклахома најрасположени беа Џејлен Вилијамс со 26 поени, Шеј Гилџес-Александер со 24 поени и Чет Холмгрен со 20 поени.
Следниот натпревар се игра ноќта помеѓу петок и сабота.