Кошаркарите на Индијана пејсерс го совладаа тимот на Њујорк никс со 130-121 и поведоа со 3-1 во серијата, па сега се само za една победа далеку од пласман во финалето на НБА-лигата.
Во возбудлив натпревар, Индијана држеше предност речиси во текот на целиот меч и заслужено стигна до триумфот.
Победничкиот тим го предводеа одличните Тајриз Халибартон и Паскал Сијакам. Халибартон оствари трипл-дабл со 32 поени, 12 скокa и 15 асистенции, додека Сијакам натпреварот го заврши со 30 поени.
Од другата страна, Џејлен Брансон постигна 31 поен, додека Карл-Ентони Таунс оствари дабл-дабл со 24 поени и 12 скокa.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу четврток и петок во Њујорк, а за да се пласираат понатаму, Никс ќе мора да победат и на тој натпревар, како и на дуелите на 31 мај на гости и на 2 јуни на домашен терен, доколку дојде до нив.