25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Индијана со убедлив триумф против Њујорк се пласира во финалето на НБА лигата

Кошаркарите на Индијана пејсерс обезбедија пласман во големото финале на НБА лигата благодарение на победата над Њујорк никс со 125-108 во шестиот натпревар од финалето на Истокот.

На тој начин, Пејсерс со вкупни 4-2 во серијата се пласираа во големото финале на НБА лигата и ќе имаат шанса за првпат во историјата да го освојат овој престижен трофеј.

Пејсерс до победата ги предводеше Сиакам со 31 поен, пет скока и три асистенции, додека Халибартон додаде 21 поен со 13 асистенции и шест скока. Топин постигна 18 поени и шест скока, а Немхард додаде 14 поени со осум асистенции и три скока. Брајант и Тарнер натпреварот го завршија со по 11 поени, додека уште еден двоцифрен беше Несмит со 10 поени и три скока. Брајант додаде уште три скока, а Тарнер два.

Кај Никс, најдобар беше Ануноби со 24 поени, пет скока и три асистенции, додека Таунс додаде 22 поени со 14 скока и две асистенции, а Брансон натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и два скока. Бриџис постигна 15 поени и четири асистенции, а двоцифрен беше и Шамет со 12 поени и две асистенции.

Во финалето Индијана ќе игра против Оклахома сити тандер, која со 4-1 во победи ја елиминира Минесота и се пласираше во големото финале на НБА лигата.

Првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а предноста на домашен терен ќе ја има тимот на Оклахома.

- Оглас -

Најнови вести