Индијана пејсерс води со 2:1 во победи против Оклахома сити тандерс и ноќеска ќе игра на домашен терен во четвртиот дуел од големото НБА финале. Иако има резултатска предност, а ќе ја има и поддршката од домашните навивачи, Индијана е во улога на аутсајдер, барем кога ќе се погледнат квотите.
Оклахома во регуларниот дел победи на теренот на Индијана, но пред три дена во првата финална пресметка на теренот на Пејсерс, домашниот тим беше подобар.
За четвртиот меч има одлична понуда за бројот на поени на кошаркарите кои треба да бидат во главна улога на теренот. За експертите сигурно нема да биде многу тешко да проценат за „плус-минус“ границата на постигнати поени.