Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во улога на судија за време на меч меѓу фудбалски легенди и работници кои учествуваа при изградбата на стадионите за Светското првенство во Катар.
На дуелот во Доха се вклучија и фанови и доброволци, а Инфантино го повтори слоганот на Мундијалот: „Фудбалот го обединува светот“.
Инфантино судеше околу десетина минути и во тој период даде два жолти картони.