Инфантино Џани Катар го брани: Европа критикува, но попаметно е да се извинува во следните 3000 години

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно ги одби нападите што се жестоки против Катар, односно против доделувањето на организацијата на Мундијалот, а нјачесто доаѓаат од Западните земји од Европа.

Има критики за кршење на човековите права во Катар, за смрт на многу емигранти кои учествуваа во изградба на инфраструктурата и стадионите за Мундијалот, за правата на луѓето со посебни потреби, на ЛГБТ заедницата, за забраната за конзумирање на алкохол…

„Слушнавме само лекции од дел од европјаните и од западниот свет. Мислам дека за тоа што ние европјаните го правевме во последните 3000 години треба да се извинуваме постојано во следните 3000 години. Дури потоа можеме да делиме морални лекции“, рече Инфантино.

Тој истакна дека денеска се чуствува како Катарец, Арап, Африканец, како дел од геј-заедницата и како работник мигрант.

„Не сум ништо од тоа, но се чуствувам така, бидејќи знам што е да бидеш дискриминиран. Како дете ме малтретираа поради црвената коса и пегите на лицето и плус зашто сум Италијанец. Но, не се расправав туку настојував да создавам што повеќе пријателства и тоа е мојот совет за сите што го критикиуваат Катар“, рече првиот човек на ФИФА.

Доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар мина со многу контроверзи, но тоа веќе е минато и од утре оваа земја ќе биде организатор на Светското првенство што ќе трае до 18. декември.

 

- Оглас -

Најнови вести