Американскиот претседател Доналд Трамп го украде шоуто за време на прогласување на победникот на Светското клупско првенство.
Откако им го врачи трофејот на играчите на Челзи, Трамп остана со нив на подиумот за да прослави. Победниците очекуваа тој да си замине да прослават без него и беа очигледно изненадени што Трамп сè уште беше со нив. Тоа се гледаше од реакцијата на капитенот Риси Џејмс и изразот на лицето на Кол Палмер.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му покажа со раката на Трамп дека треба да се тргне настрана, но тој остана во првиот ред на прославата и на бината остана подолго од очекуваното.
Инаку, Трамп со хеликоптер дојде во Њу Џерси на 25 минути пред почетокот на мечот, седеше во ложата до Инфантино и даде краток коментар.
„Одлично се забавувам. Тоа е одличен спорт“, изјави Трамп за телевизијата ДАЗН, која ги пренесуваше настанот.
THE TROPHY IS OURS!!! 🔵 pic.twitter.com/FhvHlgNO3c
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025