Инфантино го поддржа Винисиус: Во иднина да се прекине натпреварот и играчите да го напуштат теренот

Претседателот на Светската фудбалска организација, Џани Инфантино, го поддржа Винисиус бидејќи овој фудбалер беше цел на расистички извици на дуелот против Валенсија.

„Изразувам потполна солидарност со Винисиус. Во фудбалот нема место за расизам, а ФИФА ги поддржува сите фудбалери кои ќе се најдат во таква ситуација“, вели Инфантино.

Не е првпат Винисиус да се најде на удар на навивачите со расистички извици и гестови, а Инфантино потсетува дека ФИФА има строги правила за такви ситуации.

„Би сакал во тие моменти да се почитува протоколот на ФИФА. Прво треба да се сопре натпреварот. Потоа фудбалерите треба да го напуштат теренот, а официјалниот спикер треба да најави дека натпреварот ќе биде прекинат ако продолжат расистичките напади. Тогаш натпреварот продолжува и доколку повторно има облици на расизам, судијата го прекинува натпреварот, а три поени добива противничката екипа“, вели Инфантино околу правилата на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести