Инфантино има желба: “Меси може да игра и на СП во 2034-тата година“

Лионел Меси годинава ја освои рекордната, осма, Златна топка, а следната година може да стигне до уште еден голем трофеј, оној од Копа Америка кој ќе се одржи во САД. Се погласни се шпекулациите дека аргентинецот може да ја предводи својата репрезентацијата и на Светското првенство во 2026-тата година, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, има желба, Меси да игра дури и на светскиот шампионат во 2034-тата година, кога би имал 47 години.

– “Се надевам дека ќе игра на следното Светско првенство, но и на тоа наредно, па дури и на тоа во 2034-тата година.“ – вели Инфантино.

Сепак, реалноста е дека во 2034-тата година Лионел Меси веќе длабоко ќе биде во фудбалска пензија.

- Оглас -

Најнови вести