Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во изјава за медиумите изрази желба на Светското клупско првенство да настапува и Кристијано Роналдо. Сепак, Ал-Наср не обезбеди пласман, па Португалецот доколку сака да игра во САД, ќе мора да потпише за друга екипа, макар и краткорочен договор.
Светската фудбалска организација им дозволи на клубовите кои ќе настапуваат на клупскиот Мундијал специјален преоден рок, кој ќе трае од први до десетти јуни, па во тие денови ќе може да потпишуваат фудбалери за натпреварувањето во САД.
Инфантино отиде и малку подалеку, па рече дека е запознат дека некои клубови веќе стапиле во контакт со Кристијано Роналдо и дека веќе се преговара за негов настап на Светското клупско првенство во САД.