Инфантино нема ривал во трката за претседател на ФИФА, но не спие мирно поради истрагата на специјалниот обвинител од Швајцарија

Џани Инфантино ќе нема проблеми да добие нов мандат за претседател на ФИФА бидејќи нема противкандидат за Конгресот во Руанда на 16 март, но сепак не спие мирно.

Првиот човек на Светската куќа на фудбалот е под истрага за мито и корупција, а против него случајот го води специјален обвинител во Швајцарија, кој е избран во Парламентот на оваа земја специјално за овој случај.

Инфантино вчера бил на распит, но не се откриваат детали за што точно станува збор и за што се однесува истрагата против Инфантино.

Претходно на сличен начин беше сменет Сеп Блатер во ФИФА и Мишел Платини во УЕФА, и тоа во ерата кога му беше шеф на Инфантино.

Има многу шпекулации за нечесно работење и на оваа гарнитура во ФИФА, а особено цел на критики е Инфатино како прв човек, а се однесува на сомнително добиените организации на двата последни Мундијали што во 2018 година и во 2022 година ги организираа Русија и Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести