Инфантино: Дали Италија ќе биде дополнително повикана на СП? Ве молам бидете сериозни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги разреши сите дилеми ако и воопшто ги имаше, околу можниот повик на Италија да учествува на Мундијалот во Катар, евентуално на местото на Иран кој не ги почитува правата на жените.

Инфантино кој е од делот на Швајцарија каде се зборува италијански, се наоѓа во Фиренца, и среде Италија им приреди студен туш на своите земјаци.

„Дали Италија ќе биде дополнително поканета на СП? Ве молам, бидете сериозни“ – рече Инфантино, кој додаде дека жали што Италија нема да биде меѓу учесниците, но нема шанса да се најде во Катар на местото на Иран.

- Оглас -

Најнови вести